Испечати

Ванилици со фил од лешници

Ванилици со фил од лешници

Состојки

  • 400гр брашно
  • 1 пак (7гр.) сув квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 1 пак. ванилин шеќер
  • 250гр омекнат путер
  • 75мл ладно млеко
  • 3 жолчки
  • Фил
  • 3 белки
  • прстофат сол
  • 150гр. шеќер
  • 200гр. мелени, печени лешници

Подготовка

Иако подготовката е малку мачна, посебно околу сечењето на ванилиците, а можеби и нема да победат на натпревар за убавина, ама сепак трудот се исплатеше....Колачите се превкусни.

Подготовка
Брашното измешајте го со квасецот, ставете во длабок сад и додадете останатите состојки за тестото. Матете со миксер со маталките за тесто, додека да се спојат убаво сите состојки. Тестото поделете го на три еднакви дела. Покријте со крпа додека го подготвувате филот. Напомена:
ова е т.н. ладно тесто и не треба да стасува.
Изматете ги белките со солта, додека убаво да згуснат. Шеќерот додадете го постепено, притоа матете за цело време со миксерот. Кога смесата убаво ќе згусне и стане сјајна, додадете ги лешниците и измешајте со шпатула или дрвена лажица.

Вклучете ја рерната на 170 степени да се загрева.
Земете еден дел од тестото и развлечете тенка правоаголна кора од него. Премачкајте со 1/3 од филот и завиткајте во ролат со ширина од 5-6см. Со помош на чаша сечете полумесечинки и редете ги во плех на хартија за печење. Истото повторете го и со останатите два дела од тесто и фил.
Се печат околу 16-20 минути, во зависност од рерната.
Оставете да се изладат, па посипете ги со шеќер во прав.