Испечати

Додатоци од Фантазија

Додатоци од Фантазија

Производи наменети за они кои сакаат сами да приготвуваат сѐ од почеток до крај, од месено и десерт, до туршија и џемови. Палетата на прашкасти додатоци содржи прашок за пециво, ванилин шеќер, лимонтус, конзерванс, винобран, сода бикарбона, мелен бибер и бибер во зрно, мелен цимет и семе од ким.

  • Ванилин шеќер во прав
  • Прашок за пециво
  • Сода бикарбона
  • Конзерванс
  • Лимонтус
  • Винобран
  • Црн бибер мелен
  • Црн бибер во зрно
  • Ким
  • Цимет во прав

Fantasia е најновиот бренд на македонската кондиторска компанија Макпрогрес. Fantasia е линија на полуготови производи, кои овозможуваат брза и лесна подготовка на колачи, палачинки, тортици, мафини и крекери, но и широка палета на додатоци за декорирање на слатки, како и додатоци за печење. Оваа палета е уникатна по многу нешта. Првпат македонска компанија воведува производство на ваков тип производи, а солената линија се смета за уникатна и иновативна и на поширокиот пазар. Палетата на Fantasia нуди иновативни производи, нешто што за прв пат се нуди во светот, како на пример солени мафини и крекери кои се идеални и брзи за подготовка на појадок или ужина. Портфолиото на производи е изработено според потребите на модерните потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат да се хранат квалитетно. Брендот Fantasia, во кујната главно е насочен кон млади зафатени жени кои немаат многу време на располагање, но сакаат на своите најмили да им покажат колку многу им значат и да им подготват нешто вкусно и домашно. Производите од палетата на Fantasia може да се најдат во сите добро снабдени маркети. Fantasia in cucina – Фантазија во кујната!