Ангелски бакнежи
Состојки
- Тесто
- 225гр. брашно
- 100гр. омекнат путер
- 50гр. шеќер
- 1 ванилин шеќер
- рендана кора од 1 лимон
- прстофат сол
- 100гр. лемон кард (англиски крем од лимони)
- Фил
- 2-3 лажици лемон кард (англиски крем од лимони)
- Прелив
- 3-4 лажици шеќер во прав
- 2-3 лажички сок од лимон
Подготовка
Сите состојки за тестото ставете ги во длабок сад и изматете со миксер со маталките за тесто. Кратко премесете го тестото и оформете од него прачка со должина од 40 см. Завиткајте го во стреч фолија и ставете го во фрижидер да отстои 1 саат.
Сечете пачиња со дебелина од 1 см. Од секое парче оформете топче и ставете во плех на хартија за печење. Во секое топче, направете вдлабнатина со помош на крајот од дрвена лажица. Кремот од лимон ставете го во кеса за замрзнување. Исечете го врвот на кесата за да направите мал отвор, и полнете ги вдлабнатините на колачите со кремот.
Се печат 12 минути на 180 степени во веќе загреана рерна.
За преливот, измешајте го шеќерот во прав со сокот од лимон. Ставете го во кесичка за замрзнување, отсечете и го врвот и со преливот нашарајте ги колачите.