Солена торта со брашно од хељда и микс семиња од Натура
Состојки
- 2 јајца
- 150мл јогурт
- 7 лажици брашно од хељда
- 100 гр мешан зеленчук
- 1 кафено лажиче прашак за пециво
- 2-3 лажици микс од семиња
Подготовка
Јајцата напрво ги матиме со миксер. Потоа го додаваме јогуртот, брашното и прашокот
за пециво. Откако ќе добиеме хомогена смеса ги додаваме зеленчукот и миксот од
семиња и мешаме со лажица. Вака добиената смема ја ставаме во претходно набрашнет
куглов, ама може и во обично тепсивче да ја ставите, зависно што имате дома.
Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути и ова зависи колку ви пече
шпоретот, но секако најдобро е да провериме дали е готова на оној стандарден начин со
чепкалка за заби.
Откако е готова сервираме и јадеме по желба, зависно од личниот вкус. Јас обично ја
комбинирам со сирење.