Слатки мешавини од Фантазија
Палетата на слатки мешавини за подготовка на десерти е направена врз основа на селекција од најбараните и најпрепознатливите вкусови согласно желбите на потрошувачите. Оваа палета содржи избор за секого, за секоја генерација, од мафини, колачи и брауни, па се до палачинки, вафли и брауни. Од вкусови препознатливи за сите генерации до вкусови типични за времето во кое живееме.
Заеднички карактеристики на слатките мешавини се:
- брза и лесна подготовка на смесата;
- нема можност за грешки при подготвувањето;
- печење од 15 до 50 минути во зависност од изборот на десертот;
- сите потребни додатоци ги има во пакувањето
Мешавина за мраморен колач
Пакувањето содржи:
- 370 g мешавина за тесто
- 30 g какао мешавина
Потребно е:
- 3 јајца (величина М)
- 125 ml масло
- 100 ml млеко на цела смеса и една голема лажица млеко за темен дел
Подготовка:
- Во сад се става мешавината за тесто, јајцата, маслото и млекото. Се меша со миксер кратко на најспора брзина, а потоа на најбрза 3 мин.
- Садот за печење се премачкува со масло, се посипува со брашно и 2/3 од тестото се става во садот за печење. Во останатото тесто се додава пакувањeто од какао смесата и една голема лажица млеко, се промешува со миксер и се истура врз светлиот дел. Со помош на нож кој е премачкан со масло се сече преку целата должина на тестото.
- Се пече 55-60 min. во загреана електрична рерна на 180 °C (рерна со вентилатор на 160 °С)
Машавина за чоко мафини со какао лушпи
Пакувањето содржи:
- 280 g мешавина за тесто
- 30 g чо коладни капки
- 12 хартиени калапи
Потребно е:
- 2 јајца (величина М)
- 100 ml масло
- 75 ml вода
Подготовка:
- Во сад се става мешавината за тесто, јајцата, водата и маслото. Се меша со миксер 2 мин. додека да се изедначи смесата и се добие тесто. Се остава една лажица од чоколадните капки, а остатокот се мешаат со тестото.
- Се распоредуваат хартиените калапи во сад за мафини. Тестото со помош на две лажици се распоредува во калапите. Остатокот од чоколадните капки се распоредуваат по површината на тестото. За 12 мафини.
- Се пече за време од 15-20 мин. во загреана електрична рерна на 200 °C (рерна со вентилатор на 180 °С).
Мешавина за палачинки со мелен бисквит
Пакувањето содржи:
- 215 g мешавина за тесто
- 65 g мелени бисквити
Потребно е:
- 2 јајца (велечина М)
- 3 големи лажици масло
- 400 ml вода
Подготовка:
- Во сад се става мешавината за тесто, јајцата, маслото и водата. Се меша со миксер додека да се изедначи смесата.
- Приготвената смеса се пржи во тава за палачинки.
- Содржината на пакувањето е доволнa за приближно 12 палачинки со дијаметар од 19 cm. Зависно од големината на тавата бројот на палачинки варира.
- Употребете ги мелените бисквити како додаток при филувањето и декорирањето на палачинките
Мешавина за мафини со чоколадни капки
Пакувањето содржи:
- 280 g мешавина за тесто
- 30 g чоколадни капки
- 12 хартиени калапи
Потребно е:
- 2 јајца (величина М)
- 100 ml масло
- 75 ml вода
Подготовка:
- Во сад се става мешавината за тесто, јајцата, водата и маслото. Се меша со миксер 2 мин. додека да се изедначи смесата и се добие тесто. Се остава една лажица од чоколадните капки, а остатокот се мешаат со тестото.
- Се распоредуваат хартиените калапи во сад за мафини. Тестото со помош на две лажици се распоредува во калапите. Остатокот од чоколадните капки се распоредуваат по површината на тестото. За 12 мафини.
- Се пече за време од 15-20 мин. во загреана електрична рерна на 200 °C (рерна со вентилатор на 180 °С).
Мешавина за вафли и палачинки
Пакувањето содржи:
- 270 g мешавина за тесто
Потребно е:
- 2 јајца (величина М)
- 150 ml вода
- 3 големи лажици масло
Подготовка:
- Во сад се става мешавината за тесто, јајцата, маслото и водата. Се меша со миксер додека да се изедначи смесата.
- Палачинките се пржат во загреана тава.
Вафлите се приготвуваат во загреан апарат за вафли, се премачкуваат плочите од апаратот со масло за готвење и се истура од смесата.
- Содржината на пакувањето е доволно за приближно 10 палачинки или 10 вафли.
Мешавина за брауни
Пакувањето содржи:
- 300g мешавина за тесто
- 40g какао лушпи
Потребно е:
- 2 јајца (величина М)
- 100 g путер или 100 ml масло
- 100 ml вода
Подготовка:
- Во сад се става мешавината за тесто, јајцата и водата, се меша со миксер да се изедначи смесата, се додава маслото или растопен и оладен путер и се меша со миксер додека да се добие тесто. Се додаваат и какао лушпите и се промешува.
- Садот за печење се премачкува со масло за јадење или путер, се истура смесата и се распоредува рамномерно во садот.
- Се пече за време од 25-30 мин. во загреана електрична рерна на 180 °C (рерна со вентилатор на 160 °С)
Мешавина за овошен колач со суво грозје
Пакувањето содржи:
- 360 g мешавина за тесто
- 50 g суво грозје
- 10 g ванилин шеќер
Потребно е:
- 3 јајца (величина М)
- 125 ml масло
- 100 ml млеко
Подготовка:
- Во сад се става мешавината за тесто, јајцата, маслото и млекото. Се меша со миксер кратко на најспора брзина, а потоа на најбрза 3 мин., се додава сувото грозје и се меша со лажица.
- Садот за печење се премачкува со масло, се посипува со брашно и се истура смесата. Се израмнува одозгора.
- Се пече 40-45 мин. во загреана електрична рерна на 180 °C (рерна со вентилатор на 160 °С). Пред да се сервира овошниот колачот се посипува со ванилиниот шеќер
Fantasia е најновиот бренд на македонската кондиторска компанија Макпрогрес. Fantasia е линија на полуготови производи, кои овозможуваат брза и лесна подготовка на колачи, палачинки, тортици, мафини и крекери, но и широка палета на додатоци за декорирање на слатки, како и додатоци за печење. Оваа палета е уникатна по многу нешта. Првпат македонска компанија воведува производство на ваков тип производи, а солената линија се смета за уникатна и иновативна и на поширокиот пазар. Палетата на Fantasia нуди иновативни производи, нешто што за прв пат се нуди во светот, како на пример солени мафини и крекери кои се идеални и брзи за подготовка на појадок или ужина. Портфолиото на производи е изработено според потребите на модерните потрошувачи, кои имаат се помалку време за готвење, а сакаат да се хранат квалитетно. Брендот Fantasia, во кујната главно е насочен кон млади зафатени жени кои немаат многу време на располагање, но сакаат на своите најмили да им покажат колку многу им значат и да им подготват нешто вкусно и домашно. Производите од палетата на Fantasia може да се најдат во сите добро снабдени маркети. Fantasia in cucina – Фантазија во кујната!