Турски чоколаден колач
Состојки
- Состојки за чоколадниот бисквит
- 5 јајца
- 1 шоља шеќер
- 1 ванила
- 1 шоља масло
- 1 шоља топло млеко
- 2 шољи брашно
- 1 пециво
- 3 лажици убаво полни какао или јас ставив чоколадо во прав
- Состојки за чоколадниот прелив
- 1 шоља шеќер
- 1/2 шоља масло
- 3,5 шољи млеко
- 6 лажици убаво полни чоколадно какао
Подготовка
Вкусен колач за кој рецептов го најдов на јутуб.
За бисквитот се матат пенасто јајцата со шеќерот и ванилата, се додава маслото, млекото, на крај брашното, пецивото и какаото заедно помешани и просеани.
Се истура во намрсено правоаголно плехче со димензии 20 на 30 см., кое претходно е намрсено и обложено со хартија за печење.
Се печи во загреана рерна на 180 степени 35 мин., до сува чепкалка.
Се вади од плехчето, се отстранува хартијата и пак се враќа во плехчето. Се остава да излади, да биди топло кон млако и се сечи на коцки со сакана големина.
Додека се печи колачот се подготвува преливот.
Во тенџере со дупло дно се соединува шеќерот, какаото (го просеав низ сито) и маслото, мешајќи со лажица и кога ќе се добие густа смеса се додава постепено млекото. Потоа се става на рингла и штом зоврие се готви на умерен оган со постојано мешање околу 10 мин.
Се остава да излади, да биди топло.
Пред да се залие колачот со преливот се боцка со вилушка по површината.
Нека убаво излади и сервирајте.
На здравје!
*Шољата е од 250 мл..