Испечати

Чоколаден колач за 1 минута (во микро)

Чоколаден колач за 1 минута (во микро)

Состојки

  • 3 големи лаж. брашно
  • 1 мала лаж. прашок за пециво
  • 2 големи лаж. шеќер
  • 2 големи лаж. какао
  • прстофат сол
  • 2 големи лаж. масло
  • 2-3 големи лаж. млеко
  • 1 мала лаж. ванилен шеќер
  • топка сладолед

Подготовка

Премногу вкусно, вреди да се проба!.. 1. Се мешаат сите суви состојки да се соединат. 2. Се додаваат млекото и маслото и мешаме да добиеме хомогена смеса. 3. Веќе готовата смса ја префрлуваме во филџан, и ја ставаме во микробранова печка на највисоката температура 1-2мин (ќе проверувате со прст,ако лепи одозгора нее готово, ако е суво е готово) 4. Готовиот колач го вадиме и го декорираме со топка сладолед. (Во случај ако немате сладолед меѓу половината смеса во филџанот ставете коцка-две чоколадо) На здравје!