Испечати

Кисели краставички (пастеризирани во машина за садови)

Кисели краставички (пастеризирани во машина за садови)

Состојки

  • околу 300 г корнишони
  • 1 лажица сол
  • 1 рамна лажица шеќер
  • 70мл бел оцет
  • ловоров лист, црн бибер во зрна и други зачини по желба
  • вода за дополнување на теглата

Подготовка

Најлесна, најбрза и најсакана зимница од моите деца - корнишончиња. И тоа да бидат малечки, колку можи помали. 1 кг и 200 г купив корнишони, со нив наполнав 4 тегли од големите (односно едното е шише од домата, ама големината одговара на голема тегла). Подготовка Наполнете ги тегните со корнишони (претходно убаво измиени). Додадете сол, шеќер, оцет, ставете по 1 лист ловор и по неколку зрна црн бибер. Дополнете со вода до горе и убаво затворете ги теглите. Пастеризација в машина за садови на 90 степени. Ставете ги навечер, а сабајле извадете ги. Чувајте на ладно и темно место.