Испечати

Руски медењаци со кафе

Руски медењаци со кафе

Состојки

  • 1/2 чаша истант кафе
  • 1/2 чаша врела вода
  • 240 гр путер
  • 1 чаша шекер
  • 1,5 чаша мед
  • 1-2 лажички ванила
  • на вкус Мешавина зачинки за медењаци или по 1/2 лажичка пимент и анис, 1/4 мускатен орев, на вкус цимет и ѓумбир
  • 2 јајца
  • по 1,5 лажичка сода бикарбона (растворена со 1 лажичка бел оцет) и пециво
  • 6 чаши брашно
  • Глазура
  • 4,5 чаши шеќер во прав
  • 1/2 чаша млеко

Подготовка

1. Растопете го кафето со врелата вода.
2. Во сад ставете го кафето, медот, шеќерот и путерот и на тивко нека се топи додека во потполност не се стопат путерот и шеќерот. Потоа тргнете од огнот и оставете нека се лади. Потребно е да го преместите во поголем сад во кој ќе замесувате. Нека се лади околу 15 мин, додадете ја ванилата и останатите зачините.
3. Пенесто сматете ги јајцата, додадете во нив пецивото и содата која сте ја веќе раствориле со оцетот. Смесата од медот и кафето ќе се запени (така треба да е).
4. Додадете го брашното постепено и со лажица или со рака измесете да се сето тоа спои. Покријте и одложете во фрижидер да одлежи најмалку 4 часа, а може да стои и до наредниот ден.
5. Земајте од тестото со мала лажичка и формирајте ги во топчиња, редете во плех покриен со хартија за печење.
Печете ги во претходно загреана рерна на 170-180 степени. Печени се кога ќе забележите дека одоздола почнуваат да ја добиваат онаа боја специфична за медењаците - зависно од рерната тоа трае некаде околу 15 најмногу до 20 мин. На допир тие се меки, но кога ќе се оладат - се стврднуваат.
Глазура: Во сад ставете го шеќерот и измешајте го додавајки притоа млекото. Треба да добиете густа кашеста смеса. Оладените медењаци ставете ги на решетка и со лажица ставајте врз нив од глазура или едноставно брцнувајте ги, но само со горниот дел од медењакот, ставајте на жицата и оставете да се цеди и суши. Доколку ви преостанало од глазурата - повторете постапката и тогаш ќе добиете млечно бела глазура...
Напомена
- Млекото можете да го замените со свежо цеден сок од портокал. Постапката натаму иста. Но истурајте од сокот и проценете сами околу густината на смесата што ќе треба да ја добиете.
- Овие медењаци можат да се замрзнуваат.
- Голема е оваа доза, ќе добиете околу 120 медењака, јас приготвувам од половина состојки и ги правам малку поголемки.. иако знам дека треба да бидат големи околу 15 гр.
Моите дечки за овие медењаци велат дека се подобри од куповните, а вкусот им е навистина збогатен со аромата на кафе.
- Зачинките за медењаците прилагодите ги според вашиот вкус - мислам на составот... ако нешто не сакате од нив, слободно изоставете.
Чашата е од 250 мл.