Испечати

Марципан колачи

Марципан колачи

Состојки

  • 300 гр омекнат путер
  • 2 жолчки
  • 100 гр шеќер
  • 200 гр марципан
  • 500 гр брашно

Подготовка

Едноставен, основен рецепт за подготовка на Божиќни колачиња во разни форми, погодни за секаков вид на слаткарски декорации.
Путерот заедно со шеќерот и жолчките убаво изматете го со миксер. Марципанот доколку е цврст, на кратко затоплете го во микробранова колку да омекне или изрендајте го на покрупната страна од рендето. Додадете го наизменично со брашното во путерот и убаво измешајте ја смесата. Кратко замесете го тестото, поделете го на две половини, завиткајте во стреч фолија и ставете да отстои во фрижидер еден час.
Потоа развлечете кора со дебелина по желба и вадете форми. Тестото е одлично и за декорирање со слаткарски печат. Печете во плех на хартија за печење, во загреана рерна на 175 степени околу 10-12 минути. Оставете да се изладат во плехот, а потоа декорирајте по желба, со шеќерен прелив, фондан, чоколадна глазура.....