Печени плескавици од тиквички и сирење
Состојки
- 200 гр брашно
- 2 тиквички
- 3 моркови
- 2-3 лукчиња
- 200 гр сирење
- 1 јајце
- 1 пециво
- 1 шака магдонос
- 1 лажичка куркума
- бибер по вкус
- сусам по желба
Подготовка
Ги лупиме и рендаме тиквичките и морковите. Го сечкаме магдоносот и ситно го сечкаме лукот. Додаваме куркума и бибер во смесата. Го додаваме јајцето и ренданото сирење, па соединуваме. На крај го додаваме брашното во кое сме го промешале пецивото.
Со лажица за сладолед земаме од смесата и редиме топки во нелепливо тавче. Секоја топка нежно ја притискаме и формираме во облик на плескавица. Наросуваме сусам и ги печеме на околу 180 степени со вентилатор.
Забелешка:
Тиквичките треба да ги изрендате и оставите да се исцедат, па со рака да ги процедите. Смесата не треба да ви е многу ретка, ниту пак премногу густа. Тоа зависи од влажноста на тиквичките.