Испечати

Млечен сладолед со јагоди

Млечен сладолед со јагоди

Состојки

  • 100 мл слатка павлака
  • 150 гр јогурт со 10% масленост
  • 2 лажици мед
  • 100 гр јагоди
  • прстофат ванилин шеќер
  • 4 јагоди за декорација

Подготовка

Од овие состојки излегуваат 4 млечни сладоледи.
1. Павлаката се мати цврсто.
2. Јагодите е се блендират.
3. Јогуртот се мати со медот (може и со шеќер во прав) и ванилиниот шеќер. Се додава матената павлака и се меша полека.
4. Јагодите за декорација се мијат, се сечат на тенки листови и се ставаат на дното во калапите за сладолед. Со мала лажичка се истура во калапите постепено од млечната смеса, потоа од блендираните јаготки, повторно од млечната смеса итн.... се додека не се наполнат калапите. Се става сладоледот во замрзнувач најмалку 4 часа.