Италијански бишкоти со свежи јагоди
Состојки
- 1 јајце
- 3 лажици сок од лимон
- 100 гр шеќер
- 100 мл масло
- 1,5 лажичка пециво
- 2 лажички ванилин шеќер
- 250 гр брашно
- 200 гр свежи јагоди
Подготовка
1. Јагодите се чистат, се мијат и се сечат на помали парчиња.
2. Во сад се мешаат јајцето, маслото, шеќерот, сокот од лимон и ванилиниот шеќер, убаво со жица. Се додава брашното и пецивото, се меша убаво со дрвена лажица. Се истураат и јагодите во садот и се меша полека.
3. Плех се обложува со мрсна хартија. Се зема тесто и се прават мали топчиња колку еден орев од прилика. За полесно да се прават топчињата може да се намрсат рацете со малку масло. Се редат топчињата на плехот и се сплеснуваат малку со рака.
4. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20-30 мин. или се додека не добијат убава боја.