Пита од спанаќ (Солен чизкејк)
Состојки
- За подлога
- 250 гр солени кекси
- 3 лажици путер
- 1 јајце
- За полнење
- 400 гр смрзнат спанаќ
- 150 гр фета сирење
- 2 јајца
- 1 помал кромид
- 2 чешниња лук
- хималајска сол, црн бибер
- 1 лажица путер
Подготовка
Вкусна пита која потсетува на солен чизкејк. За подлогата користете ги омилените солени кекси..
Кексите измелете ги во блендер, додадете го омекнатиот путер и јајцето, смесата блендеријте ја до соединување.
Во тава за пита внимателно се распоредува смесата за подлогата и се става во фрижидер.
Во тава на путер се пропржува исецканиот кромид и лук, потоа се додава спанаќот и се готви се до испарување на целата вода. Се трга од оган, се додава издробеното сирење, јајца, сол и црн бибер.
Приготвениот фил се распоредува врз подлогата од кекси и се пече 30-45 минути на 180 степени.