Темен, чоколаден браунис
Состојки
- 100гр путер
- 150гр темно чоколадо, 70% какао
- 60гр шеќер
- 2 јајца
- 30гр брашно
- 15 гр какао
- 2г сол
- 5 мл ванила екстракт
- 5 гр нес кафе
- какао за посипување
Подготовка
Предлог за брз и сочен браунис.
Во касерола на тивок оган ставаме вода да се загрее.
Врз неа ставаме друга касерола и ги ставаме чоколадото и путерот да се соединат.
Оставаме на страна кога се готови, малку да се подизладат.
Во сад ги ставаме ванилата, шеќерот и јајцата.
Кратко ги соединуваме со жица за матење.
Ја додаваме млаката смеса од чоколадо и путер.
Ги додаваме просеаното брашно, сол, нес кафе и какао.
Внимателно се` соединуваме.
Смесата ја истураме во најмала ростер тава, или тава округла со бр 20
Печиме на 160-170С, околу 25 минути.
Го оставаме во плехчето да се излади, па наросуваме какао одозгора.
Сечеме на парчиња и послужуваме.