Чоко емби
Состојки
- 1 кесе чоко попс
- 100гр чоколадо за готвење
- 250гр маргарин
- 100гр сусам
- 6 големи лажици мед
Подготовка
Како и секој пат нешто благо, едно од омилените... 1. Се топи маргаринот во мало тенџере, заедно со чоколадата. 2. Во меѓувреме сусамот се потпечува во тавче без масло, па се додадва во растопениот маргарин и чоколада. 3. Во маргаринот ги додаваме чоко попсите и медот. Мешаме се додека не се соедини смесата, оставаме да се оладат (се додека не го впијат маргаринот, но не цел) повремено ги промешуваме. 4. Веќе оладената смеса ја полниме во мали корпички и оставаме да се изладат целосно. На здравје!