Испечати

Ванила торта со малини

Ванила торта со малини

Состојки

  • Фил 1
  • 1 литар млеко
  • 8 лажици шеќер
  • 2 пудинга од ванила
  • 2 цели јајца
  • 6 лажици брашно
  • 2 лажици нишесте +100 гр маргарин
  • Фил 2
  • 300 гр малини
  • 125 гр шеќер
  • 1 пудинг со вкус на јагода или малина
  • 10 гр желатин
  • Тесто
  • 6 јајца
  • 180 гр шеќер
  • 250 гр брашно
  • 100 мл топла вода
  • 100 мл масло
  • 1 пециво
  • 200 гр шлаг крем

ФИЛ1 1. Во тенџере се става 800 мл млеко да се вари. Во друг сад со 200мл ги мешаме преостанатите суви состојки плус и јајцата. Ги матиме со миксер и постепено се додава во зовриеното млеко. Се вари како пудинг. Се остава да олади. ФИЛ2 2. Во помал длабок сад се ставаат малините заедно со шеќерот. Се остава да пушти сок и потоа се варат малинките. Со 50мл вода се меша пудингот и се додава во малините. Сега ова може да се изблендира или да се остави со парчиња малинки. Претходно го имаме желатинот ставено да набабри според упатството и него го ставаме во жешките малини и убаво промешуваме. ТЕСТО 3. Посебно се матат белтоците со половина од шеќерот до густ и цврст шам. Потоа се матат посебно жолчките и шеќерот и се додаваат постепено во цврстиот снег. Се додава маслото и врелата вода и просеаното брашно со пецивото. Се печи на 200С-25минути. Се остава добро да олади и се сечи на 3 дела. За подобро да се сечи тестото јас го замрзнувам околу 20мин и потоа добро се сечи. Се попрскува тестото со редок шербет или млеко или рум за да биде сочна. 4. Филување-Врз тестото се става 1/3 жолт фил, малини,тесто,фил,малини....Одозгора се става шлаг