Крем колач со боровинки

Состојки
- Тесто
 - 300гр омекнат путер
 - 200гр шеќер
 - 1 јајце
 - 400гр брашно
 - 100гр мелени бадеми
 - 1 пециво
 - 1/2 лажиче цимет
 - 1 рендана кора од лимон
 - прстофат сол
 - Фил
 - 3 јајца
 - 75гр шеќер
 - 500гр шманд или кисела павлака
 - 1 сок од лимон
 - 1 и 1/2 полна лажица густин
 - 500гр боровинки
 
Подготовка
Превкусен, кремаст, освежителен колач. Совет доколку се решите да го подготвите....не го избегнувајте лимонот во рецептов. Тој е „виновникот“ за свежината и посебниот вкус на колачов.
 Вклучете ја рерната да се загрева на 175 степени. Во модла со 26см пречник ставете хартија за печење. Боровинките измијте ги и оставете да се цедат.
 Во длабок сад ставете го путерот и шеќерот и изматете убаво. Додадете јајцето, кратко изматете да се спојат состојките па додадете ги на неколку пати останатите состојки за тестото. 3/4 од тестото распоредете го на дното од модлата и со раце убаво израмнете го. Останатото тесто ставете го во фрижидер.
 Во длабок сад пенасто изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете шмандот или павлаката, сокот од лимон и густинот. Изматете кратко колку да се спојат состојките и ставете 2/3 од боровинките.
 Филот ставете го врз подлогата од тесто. Тестото кое ви остана, извадете го од фрижидер и искинете го на мали парченца. Распоредете ги врз филот, ставете одозгора останатите боровинки и ставете да се печи.
 Се печи 70-90 мин во зависност од рерната. Готово е кога штом ја протресете модлата, средината на колачот е стабилна т.е. не е течна. По потреба покријте го колачот со хартија додека се пече за да не ви загори.
 Оставете потполно да се излади, посипете со шеќер во прав и послужете.