Испечати

Свечен ролат од готови кори

Свечен ролат од готови кори

Состојки

  • 1 пакетче готови кори
  • 4 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 1 чаша масло
  • 1 лажиче сол
  • 1 пакетче прашок за печење
  • Фил
  • 250 гр кајмак
  • 250 гр цврста кисела павлака
  • 10тина кругови мисиркина салама

Подготовка

Се разматуваат со жица јајцата и се додаваат останатите состојки, па се убаво се меша до компактност.
Се намастува плех од шпоретот и во него се редат корите. Секоја се премачкива со припремената смеса (отприлика 4-5 лажици ми одеа за една). Се премачкува и последната кора исто така и доколку остани од смесата се распоредува цела одозгора (кај мене стигна точно за сите кори).
Кората одозгора ја посипуваме со сусам (кој неќи, не мора) и го ставаме да се печи во загреана рерна на 180-200С зависно од силата на рерната, додека не порумени, отприлика 20на минути.
Печената кора ја покриваме со влажна пацета и кога малку ќе подолади, ја виткаме во ролат и така ја оставаме да излади сосема.
Изладената кора ја одвиткуваме и ја премачкуваме со мешавина од кајмак и кисела павлака. Врз тоа редиме кругови мисиркина салама и внимателно ја завиткуваме во ролат од долгата страна.
Оставаме неколку часа најмалку да се здрви во фрижидер пред да се исечи на парчиња.
Секако, филот можи да се направи по желба, не мора да е истиот.
Чашата 180-200 мл.