Испечати

Пита со тиква, сирење и кашкавал

Пита со тиква, сирење и кашкавал

Состојки

  • 250 гр брашно
  • 120 гр маргарин
  • 50 мл јогурт
  • 1 пециво
  • 50 гр семки од тиква
  • 100 гр сирење
  • 100 гр кашкавал
  • 1 тиква

Подготовка

Во брашното додајте омекнат маргарин, 1 лажиче сол, пециво, додавајќи јогурт замесете тесто. Додајте ги семките од тиква. Оставете го тестото на 10 минути.
Тиквата танко исечете ја, јас ја сечев на ренде за зелка.
Тестото постелете го во тепсија, врз тестото наредете тиква и ставете да се пече на 200 степени околу 25 минути. На крајот изрендајте сирење и кашкавал и ставете уште на 10 минути да се стопи кашкавалот.
Добар апетит!