Суви колачиња
Состојки
- 3 јајца
- 250 гр. шеќер
- 1 ванила
- 1 лажица мед
- 250 гр. маргарин
- 700 гр. брашно
- 1/2 пециво
- 100 гр. сецкано чоколадо
- 1/2 лажиче ѓумбир
- 1/2 лажиче цимет
- малку морско оревче
Подготовка
Нека и домот замириса празнично, новогодишно ...)))
Се матат јајцата со шеќерот и ванилата, се додава медот, па сите останати состојки со ред.
Се замесува меко тесто, малку е и лепливо. Се става во најлонска фолија и оди во фрижидер 1-2 часа. Потоа на малку набрашнета подлога се отвора кора и се вадат форми или правите креации по ваша замисла.
Се печат во загреана рерна и тоа од 10-12, максимум 15 мин. на 180 степени.
Тоа зависи од самата рерна, а и од дебелината на колачето. Долниот раб треба да порумени, а одозгора треба да останат бели.
Уживајте! -)))
п.с.За во тестото подобро е да се користи шеќер во прав.
Се чуваат во лимена кутија, добро затворени.