Брза тава со тестенини и мелено месо
Состојки
- 500 гр мелено телешко месо
- 1 прачка праз
- 300 гр црвени пиперки
- 1 полна лажица доматно пире
- 1/2 лажичка мелен црвен пипер
- 1 л бистра говедска или зеленчукова супа
- 250 гр ситни макарони
- сол , бибер на вкус
- по потреба крем фреш (creme fraiche)
Подготовка
Во длабока тава испржете го меленото месо на малку зејтин. Посолете и набиберете на вкус. Додадете го доматното пире, запржете па ставете ги исечканите пиперки и праз. Пржете околу 3 минути, додадете мелениот црвен пипер и на крај ставете ја и супата, и оставете да зоврие. Додадете ги ситните макарони (не варени), намалете температурата на средна и оставете да се вари. Повремено промешувајте. Доколку има потреба досолете и набиберете. Готови се кога целата течност ќе испари. Послужете со додаток на крем фреш.
Напомена
Супата која ќе ја додадете може да биде домашна или подготвена со коцка супа, или како јас што направив овој пат, ја додадов водата во месото и ставив 2 полни лажици сув зелечук за супи.