Лепчиња со тиква
Состојки
- 1 кг брашно
- 2 лажички сол
- 1 лажичка шеќер
- 1 коцка квасец
- 100мл масло
- 1 мала тиква
- 100гр презла
- 100гр путер
Подготовка
Се меси тестото и се остава да стаса околу 30мин-45мин.
Во меѓувреме се пече тиквата на парчиња.
Одкако ќе се испече тиквата се пасира.
Тестото одкако ќе стаса се дели на мали топчиња. Од оваа смеса излегуваат ококу 25 парчиња.
На секое топче се прави длабнатинка, па се става од смесата од тиква и се затвараат.
Топчињата се ставаат на намрсена тава, се премачкуваат со растопен путер и се наросуваат со презла.
Се оставаат да нараснат околу 20 мин па се печат на загреана релна од 180 степени околу 30-40 мин колку да поруменат.