Испечати

Свежа салата со цвекло, црвена зелка, ореви...

Свежа салата со цвекло, црвена зелка, ореви...

Состојки

  • 1 главица цвекло, околу 200 гр
  • 1 грст црвена, сецкана зелка
  • 1/2 рендано, зелено јаболко
  • 1 лажиче балсамико оцет
  • 1 лажиче сол
  • 1/4 лажиче бибер
  • 2 лажици мелен орев
  • 1 кисела павлака, 20% масленост
  • 1-2 лажица маслиново масло

Подготовка

Исклучително освежителна и вкусна салата е мојот предлог денес.

Во еден сад ги соединуваме ренданото цвекло, сецканата зелка, ренданото јаболко.
Соединуваме, па додаваме маслиново масло, сол, бибер, балсамико оцет.
Секако дека може количините да ги измените според вашиот вкус.
Додаваме мелен орев и кисела павлака.
Соединуваме убаво и сервираме.