Меки бухтли со батат компир и слатко од зелени смокви
Состојки
- 40гр свеж квасец
- 1 ванила
- 1 лажица мед
- 3-4 лажици кафен шеќер
- 500мл млака вода
- 240мл млако млеко
- 200гр сварен батат или тиква
- 1/4 лажиче сол
- 40гр растопен путер
- околу 700гр брашно
- по желба цимет, морско оревче, каранфилче...
- 12 смокви од слатко
- шеќер во прав по потреба
- 40-50гр растопен путер за премачкување
Подготовка
Фантазијаааа. Меки се како памук. Топло ви ги препорачувам да ги подготвите. Наместо батат компир може да се користи тиква. Јас правев од половина количина на состојки и тестото го поделив на 12 топчиња. Ако подготвувате од цела доза тестото поделете го на 24 топчиња и печете во поголема ростер тава. Во млакото млеко го ставаме квасецот, медот и лажиче брашно. Промешуваме и оставаме да се активира квасецот. Потоа во вангличката ги соединуваме активираниот квасец, сол, кафен шеќер, ванила и растопен путер. Во млакото млеко го додаваме веќе сварениот и изладен батат компир. Јас ги ставив во Нутрибулет да се соединат, за да се изедначи убаво смесата и да добијам мазна структура. Во ванглуичката ги додаваме и нив. Сега постепено додаваме брашно и замесуваме мазно, но сепак по малку лепливо тесто. Го ставаме тестото во вангличката го покриваме со чиста крпа и оставаме да се дуплира. Втасаното тесто го делиме на 12 топчиња. Секое топче малку го расукуваме. Во средината ставаме исцедена смоква од слатко. Завиткуваме, формирајќи топче. Ги редиме во ростер тава која е намачкана со растопен путер. Со четка секое топче го премачкуваме со растопен путер. Оставаме 20 минути да втасаат , па ги печиме во загреана рерна на 200 соколу 30 минути. Малку нека подизладат, па нежно наросуваме шеќер во прав. И дегустираме топли. Пресекот е на баш топли бухтли.