Испечати

Пудинг десерт во чаша

Пудинг десерт во чаша

Состојки

  • 1 кесичка прашок за пудинг од јагода
  • 3 лажици шеќер
  • 350 мл млеко
  • 6 лажици мусли
  • овошје по избор

Подготовка

Брз, едноставен и вкусен десерт во чаша. Пудингот го приготвуваме според упатството и оставаме малку да се олади. Во чашата прво ставаме една лажица мусли, па три полни лажици од пудингот и повтроено една лажица мусли. Со оваа мера ќе наполните три чаши. Згора ставаме овошје по избор(кај мене цреши и јагоди).