Испечати

Медаљони од дивеч со црни суви сливи

Медаљони од дивеч со црни суви сливи

Состојки

  • 800гр дива свиња или некое убаво парче месо од дивеч
  • маринада
  • 1 кромид
  • 1 морков
  • 2 гранчиња целер
  • 1-2 чешнина лук
  • 5-10 зрна бибер
  • 2 зрна јенибар- пимент
  • 1 гранче мајчина душичка
  • 1 ловоров лист
  • 1 гранче рузмарин
  • 1-2 каранфилчиња
  • 60мл вински оцет
  • 120мл домашно , црвено вино
  • вода да го покрие зајрето
  • дополнително
  • 2-3 лажици масло
  • 30-40гр путер
  • 120гр сецкана сланина
  • 1 страк праз
  • 1 црн домат
  • 1 пиперка капија
  • 1 чили пиперче
  • 1 лажиче лажиче пире од домати
  • 1 лажиче хариса паста
  • 10-15 суви, црни сливи
  • 2-3 компири
  • сол и бибер по потреба
  • магдонос

Подготовка

Гозбаааа...... Прво измиеното парче месо од дивеч го сечеме на парчиња, кај мене беше таман за прави медаљони. Во еден сад налеваме оцет, вино, додаваме исчистен и исецкан на крупно зеленчук, кромид, морков, целер, лук, зрна бибер, ловоров лист, мајчина душичка, рузмарин.пимент, каранфилче.. Тука ги додаваме парчињата месо и додаваме вода колку да се покрие зајрето. Го оставме садот да одстои во фрижидер најмалку 24 часа, а најмногу 48 часа. Потоа во тава ставаме масло и путер. Месото го просушуваме на кујнска крпа од маринадата. Секое парче го запржуваме од двете страни по малку. Го ставаме во сад на страна. Сега во тавата каде пржевме ако недостасува маснотија додаваме малку. Тука ја пржиме сецканата сланина и сецканиот праз. Го додаваме и сецканиот зеленчук Јас дел ставив во нутрибулет и го исецкав ситно, дел на парченца....пиперка, црн домат, па доматното пире, хариса паста и магдонос Ги додаваме и црните сливи. Подлеваме малку со вода, за да се изедначат состојките. Се заедно соединуваме во тавата каде ќе го печиме месото, пожелно е да биде со капак, како пекач или земјена тава, како кај мене. По потреба подливаме со маринадата каде стоеше месото или со претходно подготвен бујон. Повремено промешуваме или го протресуваме садот. Оставаме на тивок оган во рерната да крчка од 3-4 часа. Еден час пред да биде готово месото ги додаваме излупените и на коцки исецкани компири. Сервираме топло и послужуваме. На здравје