Празничен кекс
Состојки
- 2 јајца
- 3лажици шеќер
- 1 чаша јогурт
- 1/2 чашша масло
- 2 чаши брашно,- не многу полни
- 150гр мешавина од кандирани вишни, аранчини и суво грозје.
- 1 пециво
- Зачини по сопствен вкус, односно ванила, лимон кора, цимет...
Подготовка
Многу ги сакам овие ароматични, а едноставни кекси, кои баш по мирисот и изгледот делуваат празнично.
Во вангличка ги ставаме белките и ги матиме додека добиеме густ шам, а притоа додаваме и 1 лажица шеќер.
Жолчките ги матиме со останатите 2 лажици шеќер да побелат.
Ги соединуваме двете смеси и во танок млаз ги додаваме маслото и јогуртот.
Во еден сад ги соединуваме сецканите кандирани вишни, сецканите аранчини и сувото грозје.
И нив ги додаваме во садот.
Сега го додаваме просеаното брашно и пецивото.
Со шпатула со лесни движења убаво ја соединуваме смесата и ја истураме во долгнавест калап за леб, кој претходно е обложен со хартија за печење.
Печеме околу 30 минути на 180 с.
Сепак, со чепкалка проверуваме дали колачот е печен.
Го оставаме на решетка да се излади.
По желба наросуваме и шеќер во прав.
Сечеме на парчиња и послужуваме.