Испечати

Неаполска сладолед торта

Неаполска сладолед торта

Состојки

  • за пандишпан
  • 1 чаша (240мл) брашно
  • 1 чаша шеќер
  • 1/4 чаша какао
  • 1 јајце
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 чаша масло
  • 1/2 чаша зовриена вода
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • за фил
  • 400 мл. кисела павлака
  • 1/2 чаша шеќер
  • 300 мл. слатка павлака
  • 2 лажици млеко
  • 4 лажички екстракт од јагода
  • 4 лажички екстракт од ванила

Подготовка

Ова е дефинитивно мојот фаворит за летен десерт, а доколку и вие го сакате вкусот на чоколадо и шумско овошје, пробајте ја!
Најпрво потребно е да ја исцедиме киселата павлака од водата, па затоа еден ден претходно, ставете ја во газа, и оставете ја во фрижидер врз некој сад да се цеди барем 24 часа.

Подготовка на пандишпанот.
Сите суви состојки се мешаат во длабок сад. Се додава јацето и маслото, се мати со миксер на средна брзина и се додава и зовриена вода. Се мати додека не с е изедначи смесата. Се истура со плех обложен со хартија за печење, со пречник 22 см. Се печи во загреана рерна на 180-170 степени околу 25 минути.
Се остава да се излади, па се вади од калапот и се сечи горниот дел малку да се израмни.

Подготовка на филот.
Киселата павлака се мати заедно со шеќерот, па се додава млекото, а посебно се мати слатката павлака. Се соединуваат двете заедно, па се делат на два еднакви дела. Во едниот дел се додава екстрактот од ванила, а во другиот се додава екстракт од јагода, и црвена боја до посакуваната нијанса.

Се реди во калап на кој се вади обрачот. Најдолу пандишпанот, па фил од јагода, над него фил од ванила. Нема потреба да се чека да се замрнува на делови, бидејќи филот е прилично густ. Се става во замрзнувач.

Кога ќе сакате да послижите, оставете ја неколку минути на собна температура, сечете, па врз секое парче ставете малку слатко од јагоди. (Јас немав па затоа ставив слатко од вишни).

Забелешка - неаполскиот сладолед е ванила-чоколадо-јагода, но тортата е одлична во било која комбинација на шумско овошје, и со такво слатко комбинирајте. Важно, слатко нека ви е!!!