Духови
Состојки
- 100гр маргарин
- 100гр брашно
- 100гр шеќер
- 3 белтоци
- шеќер во прав
Подготовка
1. Ставете го маргаринот во сад на рингла и мешајте го добро да омекне додека не се добие крем. Додајте го брашнотои шеќерот и сето заедно измешајте го. Потоа се додаваат белтоците по малку додека не се добие кремаста маса. Се обликуваат фигури округли со лажица на плехот и се печат на 180С-10 мин. 2. Се земаат колачињата се ставаат на превртен филџан да се обликуваат духови. Се оставаат да се стегнат. Потоа се цртаат со растопена чоколада очи и се поросува со шеќер во прав.