Ќофтиња печени во лиснато тесто
Состојки
- 300 гр. мелено свинско
- 200 гр. мелено јунешко
- 1 јајце
- 1 кришка леб
- 1 главица кромид
- 4 чешни лук
- 1 рендан компир
- 300 гр. лиснато тесто
Подготовка
Подготовка
Меленото месо измешајте го заедно, изрендајте голема главица кромид, додадете лук и компир.
Кришката леб ставете ја во вода да омекне, исцедете и додадете во меленото месо. Додадете го и магдоносот ситно исечкан, посолете, додадете сув зачин, бибер и јајце и убаво промешајте.
Лиснатото тесто рассукајте го и сечете на ленти.
Од меленото месо со намастени раци направете ќофтиња, секое ќофте обвиткајте со ленти од лиснато тесто.
Ќофтињата ставете ги на мрсно тавче, премачкајте со јајце, посипете со сусам и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени, 20-30 мин.
Многу се вкусни, пробајте.
Јас додавам рендан компир во ќофтиња за да бидат повкусни им дава посебен вкус.