Испечати

Полжавчиња со тиквички

Полжавчиња со тиквички

Состојки

  • 400 гр. брашно
  • 250 гр. урда
  • 1/2 лажица сол
  • по 120 мл. масло и млеко
  • 15 гр. пециво (една кесичка)
  • За полнење
  • 1 тиквичка
  • по ваша оцена шунка и кашкавал

Подготовка

- Измешајте го брашното со солта и пецивото, додадете ја урдата и млекото и почнете да замесувате тесто притоа додавајте од маслото. Месете додека сите состојки добро се спојат и ќе добиете нелепливо тесто. Поделете го на два дела, ставете го на хартија за печење и рассукајте го првото тесто во правоаголна форма, врз него ставете тенки листови од шунката целосно покривајки го, врз неа тенки листови кашкавал и најгоре исецканата една половина од тиквичката. Со помош на хартијата завиткајте во ролат и сечете парчиња во ширина од околу 2 см, преместете во тавка постелена со хартија за печење. Така постапете и со другиот дел од тестото.

- Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 18 степени околу 40 мин.
Напомена
Бидејки тестото се дели на два дела, едниот дел слободно наполнете со друго полнење кое вие ќе го сакате. Јас ќе ви предложам едно полнење кое го ставам секогаш кога ќе ги приготвувам овие полжавчиња така што ја премачкувам кората со крем сирење, потоа ставам и премачкувам со 3-4 лажици песто од босилек или магдонос, врз него другата половина од исецканата тиквичка. Постапката понатаму иста - се замотува во ролат, се сечат и редат. Значи јас имам две различни полнења кога и да одлучам да се приотвува ова тесто.