Испечати

Бритин колач

Бритин колач

Состојки

  • 100 гр. шеќер
  • 125 гр. путер
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 жолчки
  • 100 мл. млеко
  • 140 гр. брашно
  • 1/2 пакетче прашак за пециво
  • Снег од белки
  • 2 белки
  • 150 гр. шеќер
  • 50 гр. ливчиња од бадеми
  • Фил
  • 2-3 лажици мармалад (малинки, јаготки)
  • 200 мл. шлаг
  • 150 гр. свежо овошје (малинки, јаготки)

Прекрасен, супер вкусен колач, кој многу едноставно се приготвува. Како што и самиот автор на рецептот, Далматино, вели, да не беше едноставно немаше ни да го правам. Во чест негова, за негов спомен... Е!
Избијте ги убаво жолчките, путерот и шеќерот, заедно со ванилата.
Додајте го млекото и брашното во кое сте го измешале пецивото.
Во правоаголна тава (33*22 цм) ставете хартија и распоредете го тестото. (кај мене е со дупла доза, поголем калап)
Белките убаво избијте ги во снег, постепено додавајќи го шеќерот.
Распоредете го снегот врз тестото и одозгора ставете ги ливчињата од бадем. (овојпат немав ливчиња, имав само стапчиња, но не менува ништо, а многу од тие кои го правеа овој колач ставаа и раздробени лешници и така е многу убав).
Печете во загреана рерна на 170 степени 20/25 мин.
Кога ќе се олади пресечете го на половина.
Избијте го шлагот. Преку едното тесто најпрво ставете го мармаладот, над него шлагот, па свежото овошје и одозгора другата половина од тестото. Нежно притиснете, колку да се спои. Нема потреба од никакво украсување.