Испечати

Пита со цимет

Пита со цимет

Состојки

  • Тесто
  • 600 гр брашно
  • 300 мл млеко
  • 1 коцка квасец
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 1 јајце
  • 10 лажици зејтин
  • 1 ванилин шеќер
  • Фил
  • 100 гр путер
  • 3 лажици кафеав шеќер
  • 3 лажици цимет
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка

Од сите состојки за тесто замесуваме средно меко тесто.Кога тестото ќе го дуплира својот волумен,од него расукуваме правоаголна кора(60 сантиметри на 20 сантиметри). Кората ја премачкуваме со путерот. Заедно ги мешаме циметот, кафеавиот шеќер и ванилиниот шеќер. Со ова посипуваме насекаде по кората.
Сега замотуваме ролат и сечеме мали ролатчиња со должина од 4 сантиметри и ги редиме во округол плех(бр.26),обложен со пек-хартија. Ролатчињата ги редиме исправени, не легнати. Мегу ролатчињата оставаме простор од околу 2 сантиметри и ги распоредуваме ролатчињата насекаде по тавчето. Оставаме питата да одмори 10-15 минути и ја печеме на 180 степени околу 25-30 минути.
Пред служење може да се нароси со шеќер во прав.
Ако го сакате вкусот на цимет и ја обожавате миризбата кога пецивата со цимет се печат, тогаш овој рецепт ќе ги задоволи вашите сетила.