Испечати

Салата од грав

Салата од грав

Состојки

  • За основата
  • 150 гр бел покрупен грав
  • 1 главица средна по големина кромид
  • 1-2 чешниња лук
  • 2 тврдо варени јајца
  • 1 лажица лажица сецкан магдонос
  • За прелив
  • по 4 лажици јаболков оцет и маслиново масло
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/4 лажичка бибер

Подготовка

- Сварете го гравот (но да не е преварен) и прецедете.
- Исецкајте ги кромидот, лукот и магдоносот.
- Во сад измешајте ги сите состојки за преливот, залијте го гравот- измешајте.
- Оставете најмалку 1 час да одстои во фрижидер, потоа сервирајте декорирајки со
сварените јајца.
Салатата ке биде посна ако го изоставите јајцето.
Напомена
- Гравот секако дека е добар со миродија (нане), па дури и пожелно е да се токму овде
користи поради нејзините својства. Јас ја обожавам, но не и во оваа салата, која по
рецептот впрочем покрај магдоносот се додава и сува миродија. Вие слободно ставете
доколку ја сакате во салатите.
Доколку сакате за повеке порции- зголемувајте ги состојки во соодвете сооднос.