Испечати

Печено авокадо со јајце

Печено авокадо со јајце

Состојки

  • 1 зрело авокадо
  • 2 јајца
  • 2 парчиња интегрален леб
  • зачини по вкус буковска пипер, сол, нане

Подготовка

Прекрасен здрав и многу вкусен доручек. Обично авокадото го користам за правење на намази или во салата, но овој пат пробав нешто сосема поинакво. За подготовка ќе ви требаат само неколку минути и печење околу 20 минути.

Подготовка

Пресечете го авокадото на половина (нелупено) и отстранете ја семката.
Настрана полека скршете 2 јајца. Со лажица земете ја жолчката од едното јајце и ставете ја во дупката на едната половина од авокадото. Повторете ја постапката и со другото парче авокадо. Ако има простор, ставете и малку белка.
Останатата белка малку изматете ја и двете парчиња леб измакајте ги во белката.
Авокадото и лебот ставете ги во тавче обложено со хартија за печење. Наросете зачини одозгора и на авокадото и на лебот и ставете да се печи на максимална температура (јас и вентилатор уклучив) околу 15 до 20 минути додека јајцето не се стврди малку, но сепак внатре треба жолчката да остане течна.
Комбинирајте со свеж домат. Авокадото се јаде со лажица.
На здравје.