Испечати

Сладок тарт со банана

Сладок тарт со банана

Состојки

  • 1 паковка лиснато тесто 250 гр.
  • 2 парчиња банани
  • 1 чоколадо со лешници
  • 100 гр. суво грозје
  • 1 паковка ванила
  • 50 гр. путер за премачкување
  • 2-3 лажици агаве сируп (за премачкување)

Подготовка

Тавата за тарт премачкајте ја со путер.
Лиснатото тесто растегнето го и ако е подебелко растегнете го со суклка, а ако не е многу, оставете така.
Превртете ја тавата врз лиснатото тесто и извадете парче од лиснатото, кое ќе остане во тавата како подлога.
По ваш вкус можете да ја премачкате со мед или да попрскате со агаве сируп.

Врз лиснатото кое е во модлата, рендаме чоколада или ја кршиме на ситни коцки.
Ако чоколадата не ви е со лешник, тогаш дополнително попрскајте кршени лешници.
Бананата излупете ја и исецкајте кругови кои ќе ги наредите насекаде врз тартоот.
Наросете суво грозје и ванилен шеќер.
Од останатото лиснато тесто ќе ја спремиме покривката, мрежата на тартот.
Со помош на специјалната модла, минеме низ лиснатото тесто и ја префрламе врз тартот.
Од остатокот на лиснатото формираме венец и го заобиколуваме тартот.
Од путерот ставаме ситни парченца па ставаме да се зарумени во многу жешка рерна.
Печеме 8 минути ( мене ми беше доволно 8 минути на 200 степени )
Готовиот тарт пак го премачкав со путер.
Сечен на 4 дела го послужив со чаша млеко.
На здравје.