Финтаџиски колач со јаболка
Состојки
- 1 чаша = 200 мл.
- 3 јајца
- 1 чаша шеќер
- 1 чаша гриз
- 1 чаша млеко
- 3-4 лажици остро брашно
- 1/2 пакетче прашок за печење
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1/2 чаша масло
- 1 чаша мелени ореви
- 3 јаболка
- 500 мл слатка павлака
- 1 лажица мед
Подготовка
Измешајте ги гризот и млекото и оставете ги 15 минути да отстојат.
Започнете со матење на јајцата и шеќерот со ванилата до згуснување.
Додадете го маслото, па гризот со млекото.
Потоа додадете го брашното, оревите и пецивото и на крај ренданите јаболка.
Смесата турете ја во намастена и набрашнета тава 20х30 и печете на 165С 30-40 минути зависно од силата на рерната. Кексот е печен кога ќе почни да се дели од ѕидовите на тавата.
Оставете го убаво да олади, па потоа извадете го од тава и пресечете го на два дела.
Долниот дел вратете го во тавата, а горниот издробете го.
Цврсто изматете ја слатката павлака со медот и во неа измешајте го убаво издробениот горен дел од паднишпанот. Потоа премачкајте го врз долниот паднишпан во тавата и оставете го во фрижидер убаво да се стегни пред служење.