Испечати

Тирамису бисквит штангли (без печење)

Тирамису бисквит штангли (без печење)

Состојки

  • 250гр. маскарпоне
  • 200мл. слатка павлака
  • 125мл. кисела павлака
  • 7 лажици шеќер
  • 300гр. бисквити
  • 150мл. млеко
  • 2 лажички инстант кафе
  • 1 лажиче какао

Подготовка

Брз, едноставен и многу вкусен десерт.
Најпрво во еден сад со жица за матење соединете ги маскарпонето, киселата павлака и 5 лажици шеќер. Мешајте се додека шеќерот не се растопи.
Во друг сад, со миксер изматете ја слатката павлака заедно со две лажици шеќер. Потоа, во слатката павлака, додавајте од смесата со маскарпоне и мешајте со жица за матење. Убаво соединете го кремот.
Млекото згрејте го, а потоа со него растворете го инстант кафето.
Во млекото кратко потопете ги бисквитите. Потоа, редете ги во тавче. (јас ставав во ширина по две бисквити, во должина по пет, и тортата, ја редев на пет реда бисквити). Врз секој ред од бисквити, премачкајте со кремот. На крај, целата торта од горе премачкајте ја со преостанатиот фил и наросете ја со какао.
Оставете да се стегне, па сечете коцки или штангли.