Испечати

Потпечен зеленчук со кашкавал

Потпечен зеленчук со кашкавал

Состојки

  • 7-8 пиперки
  • 1 поголем модар патлиџан
  • 2 домати
  • 300 мл. доматно пире
  • 5-6 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • 1 рака магдонос
  • по вкус сол, бибер, зачини
  • За прелевање
  • 1 јајце
  • 200 гр. рендан кашкавал
  • 1 лажица павлака

Сакам јадења како ова, каде иако нема месо, делува богато и е вкусно. Избраните зеленчуци се по мој избор, вие можи да си направите сопствени варијации. Ова е побогата варијанта која вклучува јајца и кашкавал за прелевање.
Количината е за двајца.

Подготовка

1. Прво, исечете ги пиперките на парчиња и запржете ги.
2. Откако ќе ги испржите, ставете ги во земјена тава или во тава за печење. Јас користев 2 мали земјени тавчиња.
3. Во истото масло од тавата запржете го модриот патлиџан исецкан на ленти.
4. Откако ќе се испржи, наредете го врз пиперките.
5. Потоа во истата тава ставете го исецканиот кромид и исечканите излупени домати. Нека се запржат и додадете го доматното пире, лукот и зачините и додадете поголема количина сецкан магдонос. Нека повари 10тина мин.
6. Кога доматниот сос е готов, турете го врз пиперките и патлиџанот и
ставете го тавчето да се печи на 250 степени се дур не се добие тенка кора на површината.
7. Потоа извадете ја тавата и додадете одозгора мешавина од рендан кашкавал, јајцето и павлаката и вратете ја повторно во рерната да се допечи уште неколку минути додека не се стопи кашкавалот.