Варен бурек со путер
Состојки
- за тесто
- 5 јајца
- 1 кафено лажиче сол
- брашно по потреба околу 500 гр
- за фил
- 300гр урда
- 1 јајце
- за премачкување
- 130гр путер
Подготовка
Во длабок сад се стават јајцата и солта и полека се замесува тврдо тесто.
Тестото се дели на 6 топчиња и се расукуваат со сукалка тенки кори колку 28 тавче.
Во длабоко теџере на оган се става вода да врие, во водата што врие се пушта по една кора, а потоа веднаш во ладна вода се става секоја кора.
Готовите кори се редат во намрсено тавче секоја кора се прска со растопен путер, а на секоја втора кора се става урда помешана со јајцето. По рецептот беше на секоја втора фил меѓутоа по мој вкус следен пат јас би ставила на секоја кора.
Се пече на 200 степени 20 минути и уште 20 мин на 150 степени.