Испечати

Тарт со тиква (Пица со тиква)

Тарт со тиква (Пица со тиква)

Состојки

  • Тесто
  • 10 гр. квасец
  • 250 гр. брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 150 мл матеница или јогурт
  • 2 лажици маслиново масло
  • За полнење
  • 300 гр. хокаидо тиква
  • 1 јаболка
  • 1 црвен кромид
  • 100 гр. козјо сирење
  • 100 гр. кисела павлака
  • 50 гр. ореви
  • по ваша одлука рузмарин
  • 4 лажички мед
  • на вкус сил и бибер свежо мелен

Подготовка

 
Во 4 лажици топла вода растворете го квасецот. Измешајте го брашното со солта, додадете го јогуртот или матеницата, додадете го растворениот квасец и замесете го тестото. Ќе биде средно меко тесто - домесете го со додавање на маслиновото масло. Покријте и на топло оставете да стаса.
Додека стасува тестото пригответе ги останатите состојки така што ке ја измиете тиквата, нема да ја лупите, исечете тенки ленти (јас тоа го спремам со ренде кој има таков додаток, или пак едноставно земете ја лупачката за компирите и др. и со неа помогнете си). На јаболката извадете го семето - исто така тенко исечете. Кромидот излупен ке го исечете на тенки кругови. Во киселата павлака додадете го изронетето сирење - измешајте.
- Кога стасало тестото, на побрашнета површина растенчете со сукало тестото. Нека постои 10 минути по што ќе се овозможи да при повторното расукување се направи потенко тестото. Преместете на тава постелена со хартија за печење.. премачкајте ја добиената кора со смесата од павлака и сирење, врз неа распоредете ги тиквата, јаболката, кромидот, толчените ореви, малку одозгора ставете сол и бибер, попрскајте со маслиново масло ( околу 2 лажици). зачинете со сол, бибер и мед.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна - јас ја печев на 260 степени околу 10 мин. Зависи од рерната. Врз испечената пица слободно додадете ја руколата (јас денес за жал немав)
НАПОМЕНА
Секогаш ваквите теста ги развлекувам со сукалото директно на хартијата - денес поросив брашно врз хартијата и го развлекував тестото, полесно е така. Можете да го поделите тестото на 2 или 3 помали пици.
Наместо јаболка може да се користи круша..
Со оревите ставам и семки од тиква - со сецкото по едно ги исецкам.
Рузмаринот слободно го изоставите доколку не го сакате.
Вака спрема пица е право изненадување на непцето - фантастична е.