Испечати

Посна погача

Посна погача

Состојки

  • 125мл млака вода
  • 150мл кисела вода
  • 3 лажици масло
  • 1 лажиче сол
  • 1,5 лажиче шеќер
  • 30гр свеж квасец
  • околу 500гр брашно, тип 500
  • 40-50гр маргарин/ путер за мрсна варијанта

Подготовка

Во мал сад ги ставаме топлата вода, шеќерот, квасецот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме солтта, маслото, активираниот квасец и киселата вода.
Соединуваме.
Постепено додаваме брашно и замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го покриваме со чиста крпа и го оставаме да се дуплира.
Потоа од втасаното тесто сечиме ¾.
Од ова парче сучиме долга, тесна правоаголна кора.
Многу танко ја премачкуваме со маргарин.
На долниот крај правиме засеци со нож, како на сликата.
Виткаме ролат.
Го нанесуваме ролатот во тава бр 26, која е обложена со хартија за печење.
Сега од остатокот на тесто правиме мали топчиња, околу 15
Ги расукуваме во многу мали корички.
Многу малку ги премачкуваме со маргарин.
Редиме по 3 коричиња едно до друго, а при тоа по малку да се преклопуваат.
Виткаме ролатче, кое го сечиме со нож на половина.
На овај начин ќе се формираат ружички кои ги редиме во средината на тавата.
Со маргаринот кој ни остана и кој го растопуваме на тивок оган, ја премачкуваме цела погача.
Оставаме да втаса околу 30 минути.
Потоа ја печиме во загреана рерна на 200 с околу 30 минути.
Испечената погача ја вадиме на решетка да се излади, па ја послужуваме