Ролнички со пире од јаболка (посно)
Состојки
- 500 гр брашно
- 2 лажички сув квасец
- 1 лажиче шеќер
- 1 лажиче сол
- за фил
- 4 јаболка
- 2 лажици гриз
- 4 лажици шеќер
- 1 ванила
- 1 лажичка цимет
- 1 лажица мелени ореви
Подготовка
Овие ролнички можат да се конзумират во посни денови, многу меки и вкусни.
Во сад ставете го брашното, во брашното додадете сол, шеќер, сув квасец, топла вода, масло за јадење, замесете тесто и оставете го на топло место да нарасне.
Јаболката испасирајте ги, додадете во нив шеќер, гриз, мелени ореви, цимет, ванила и промешајте.
Стасаното тесто рассукајте го во една кора, премачкајте го со пире од јаболка и завиткајте го во ролат.
Ролатот исечете го на парчиња околу 3 см.
Ролничките ставете ги на намрсена тепсија и премачкајте ги со зејтин.
Оставете на топло место да стасат половина час.
Печете во загреана рерна на 250 степени 30 минути.
Печените ролнички посипете ги со шеќер во прав.
Добар апетит!