Испечати

Кекс со тиква и мешавина на зачини за медењаци,прелиен со ганаш

Кекс со тиква и мешавина на зачини за медењаци,прелиен со ганаш

Состојки

  • 2 јајца
  • 120гр шеќер
  • 1 ванила
  • 1 пециво
  • 1 лажиче лажиче мешавина на зачини за медењаци или цимет, морско оревче, анис, каранфилче,
  • 220гр брашно
  • 2г сода бикарбона
  • 120гр пире од тиква
  • 110гр омекнат путер
  • 150мл јогурт
  • некое зрно сол
  • декорација
  • 100гр чоколадо
  • 100мл слатка павлака
  • семки од тиква за декорација

Подготовка

Во вангличка ги ставаме жолчките, шеќерот, ванилата и матиме додека смесата не побели.
Потоа додаваме растопен и изладен путер, јогурт и пирето од тиква.
Со шпатула ја соединуваме смесата.
Сега ги матиме белките во шам па и нив ги додаваме на претходната смеса.
Потоа внимателно ги додаваме просеаното брашно, пециво, сол, мешавинната на зачини за медењаци.
Соединуваме.
Смесата ја истураме во долгнавест калап за леб, кој е обложен со хартија за печење.
Печиме околу 35 минути на 180 с.
Сепак проверуваме дали колачот е печен.
За тоа време на тивок оган ја загреваме слатката павлака, па го додаваме чоколадото.
Мешаме до изедначување на состојките.
Го оставаме на решетка кексот да се излади, па го прелеваме со глазурата.
Сечеме на парчиња и послужуваме.