Испечати

Pull apart леб со урда и босилек

Pull apart леб со урда и босилек

Состојки

  • 20гр свеж кавасец,
  • 50гр растопен путер
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 1/2 изматено јајце
  • 100мл јогурт, на собна температура
  • 100мл топло млеко
  • околу 360-380гр брашно
  • за премачкување
  • 30гр растопен путер
  • 3 лажици урда
  • 8-10 ливчиња свеж босилек
  • за премачкување
  • остатокот од половина јајце и сусам

Моите омилени лепчиња.
Често ги подготвувам со различни намази.
Многу се вкусни и во принцип парчињата се кинат со рака, односно секое парче само се оделува од другото...значи не се користи ни нож

Во топлото млеко го ставаме квасецот, лажиче брашно и промешуваме.
оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме активираниот квасец, солтта, растопениот путер, јогуртот и јајцето.
Се' убаво соединуваме со вилушка.
Постепено додаваме брашно и замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Тестото го покриваме со прозирна фолија и го оставаме на топло да се дуплира.
За тоа време ги соединуваме ситно сецканиот босилек, урдата и растопениот путер.
По желба додаваме сол и малку бибер.
Стасаното тесто го сучиме во правоаголна кора.
Ја премачкуваме со подготвениот намаз.
Ја сечеме кората на квадрати.
Земеме по 5-6 парчиња, ги поставауваме едно до друго и исправени ги редиме во правоаголен калап за леб, кој е обложен со хартија за печење.
Целото лепче го премачкуваме со јајцето, наросуваме сусам и оставаме да стасува околу 20 минути.
Потоа го печиме во загреана релна на 200 степени околу 30, минути.
Подизладеното лепче го киниме со раце и дегустираме.