Испечати

Теријаки пилешко

Теријаки пилешко

Состојки

  • 800 гр пилешки гради
  • 4 лажици рендан ѓумбир
  • 2 лажици шеќер
  • 4 лажици саќе
  • 5 лажици соја сос
  • 5 лажици белo вино-темјаника
  • Од зачини сол и црн пипер

Подготовка

Прво го спремаме теријаки сосот. Во еден сад ги ставаме ѓумбирот, шеќерот, саќето, соја сосот и белото вино. Мешаме додека се растопи шеќерот.
Месото, односно целите парчиња пилешки гради(не сечени), ги чукаме од двете страни. Му ставаме сол и црн пипер и го ставаме на тава со зејтин. Го пржеме и од двете страни. Кога е заруменето и од двете страни го додаваме спремениот сос, ставаме капак на тавата и на тивко оставаме да се динста.
Месото се динста заедно со сосот додека сосот не добие густина на мед.
Пилешките гради ги сечеме и сервираме во комбинација со ориз. Одозгора преливаме со сосот од тавата.
Теријаки пилешкото е јапонски рецепт и во оригиналната верзија наместо бело вино-темјаника се употребува јапонското вино Мирин, ама во недостиг на јапонско вино и македонското вино-темјаника ќе заврши работа. На здравје.