Круна погача со путер и јајце
Подготовка
Во вангличка ги ставаме топлото млеко, шеќерот, квасцот и лажиче брашно.
Промешуваме и оставме да се активира.
Го додаваме јогуртот, кој е на собна температура, путерот, солта и јајцето.
Со вилушка ја соединуваме смесата.
Додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто.
Го покриваме и оставме да се дуплира.
Потоа го делиме на два дела.
Од првиот дел сучиме тесна, долга правоаголна кора која со четка ја премачкуваме со растопен путер.
Ја виткаме како ролат.
Сечеме на парчиња кои се широки од прилика од 1-1,5 цм.
И другата топка ја сучиме во правоаголна кора.
И неа ја премачкуваме со растопен путер.
До половина ја виткаме како ролат, а остатокот на тестото го засекуваме со нож, какао на сликата.
Го довиткуваме ролатот до крај.
Оваа втора кора ја ставаме во средината на тава бр 24.
Формираме круг.
Околу ги редиме исечените парчињата од првиот ролат.
Со остатокот на тестото ја пополнуваме средината на погачата.
Цела погача ја премачкуваме со изматено јајце.
Наросуваме сусам и чурек.
Нека кисни погачата 20 минути, па ја печиме во загреана рерна на 200 с околу 30 минути.
Испечена ја оставаме на решетка да се излади.
Сервираме.Ако ви треба поголема погача состојките дуплирајте ги и печете во тава бр 28 или 30