Испечати

Облачиња од јаболка (без печење)

Облачиња од јаболка (без печење)

Состојки

  • 500 гр јаболка
  • 1 желатин
  • 400 гр бисквити
  • 3 лажици млеко
  • 50 гр стопен маргарин
  • 100 гр ореви

Подготовка

Десертот се вика облачиња затоа што многу е воздушест и лесен.
Бисквитите и оревите измелете ги во блендер. Додадете го млекото и стопениот маргарин.
Јаболката рендајте на ситно ренде.
Желатин истурете во јаболка и оставете на 10 минути.
Јаболката со желатин ставете ги на тивок оган, да се стопи желатин и оставете да истине.
Истинатите јаболка матете ги со миксер околу 20 минути да се зголеми масата. Треба да добиете пенеста маса.
Во калап ставете ја смесата од бисквити и над неа смесата од јаболка.
Ставете во фрижидер да се стегне.
Десертот сечете го на коцки.
Забелешка
Кога сечете коцки ножот намачкајте со зејтин.