Испечати

Пилешко маринирано со јогурт

Пилешко маринирано со јогурт

Состојки

  • 375 мл јогурт
  • 1 лажица маслиново масло (може и сончогледово)
  • 5-6 чешниња ситно сецкан лук
  • 2 полни лажици ситно сецкан магдонос
  • на вкус сув зеленчук,сол и бибер
  • 1 лажица јаболков оцет (може и сок од лимон)
  • 6-8 копани

Подготовка

 Во кеса за замрзнувач или соодветен сад ставете го јогуртот, додадете во него сите останати состојки.
- Копаните додадете во садот, измешајте убаво, ставете во фрижидер да одлежат најмалку 12 часа, а може и 24 часа, (значи одвечер се маринираат во јогуртот). Повремено може да го протресувате кесето или во садот да ги размешате за да се впијат зачинките, пак ставете во фрижидерот.
- Во од вас изберена помала тава ставете ја целата содржина, распоредете го месото, ставете да се пече на 200 степени. Повремено погледнувајте го текот на печењето и превртувајте го месото. Се пече околу 40 мин, односно готово е кога веќе останал бистар сос кој ќе го искористите за залевање при поставувањето на ручекот.
- Послужете со ориз, булгур, компир, пире, спанаќ...
Јас денес ручекот го спремив со карабатаци кој ги одвоив и готвев за две лица.